Македонија
18. July 2015 - 12:25

Битолчанка си ја чистела визбата - Веднаш повикала полиција

Во текот на вчерашниот ден битолчанка од селото Бистрица, се шокирала додека си ја чистела визбата. Таа во 19 часот и 15 минути се јавила во полиција и пријавила дека додека работела пронашла една рачна бомба и 16 парчиња куршуми со потекло од Втората Светска Војна.

Истите се подигнати и се предадени за понатамошна постапка.