-->
-->
Битолчанец како на филм и бегал на полицијата
-->

Во 4 часот и 50 минути на улицата 8 Септември во Битола, полицајци дале наредба за запирање на возило „Даеву Експеро“, но лицето кое го управувало стиснало на гас и продолжило да вози на патот Битола-Прилеп. Полицијата денеска информира дека била поставена блокада со службени возила кај раскрсницата со Ново Лагово, прилепско, но возилото ја пробило блокадата на полицијата и влегло во Прилеп, ја поминало пругата, влегло во нива и застанало.
Од возилото излегле три непознати машки лица кои почнале да бегаат. Еден полициски службеник фатил едно од лицата, а при обид да го приведе бил нападнат со остар тврд предмет во пределот на рацете од друго лице, кое потоа го фатило со двете раце за вратот и почнало да го дави. Ова го искористило првото лице, кое успеало да се оттргне и да побегне. По ова полицискиот службеник го фатил напаѓачот но истиот успеал да побегне. При нападот полицискиот службеник се здобил со телесни повреди, констатирани и санирани во Општа болница Прилеп. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото и преглед на возилото извршила екипа од полицијата Прилеп.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на настанот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Забраната за пиротехника во затворени простори утре пред пратениците
-
ДУИ: Зошто владата ја крие вистината за врските на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
Кај шест пациенти во „Св. Наум Охридски“ е извршена трансплантација на кожа
-
СДСМ обвинува за нови сканадали во Министерството за дигитална трансформација
-
Македонија е атрактивна дестинација за нуркачите од светот
-
За прв пат од постоењето ќе се гради асфалтен пат до ски терените во Крушево
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Васко Наумовски