„Битола Шекспир фестивал“, член на Европската асоцијација на Шекспир фестивали
Македонскиот реномиран театарски фестивал „Битола Шекспир фестивал“ стана рамноправна членка на Европската асоцијација на Шекспир фестивали.
Оваа одлука беше изгласана во текот на вчерашниот ден во рамки на 10. Интернационален Шекспир фестивал во Крајова, Романија, кога се одржа и годишното собрание на престижната европска асоцијација на манифестации кои го негуваат творештвото на големиот Шекспир.
- Како претставник од Република Македонија пред своите европски колеги ги презентирав досегашните изданија на Фестивалот и ја најавив програмата за четвртото издание кое годинава, со поддршка од Министерството за култура, ќе се одржи во последната недела од јуни во Битола. Членовите на Асоцијацијата ја истакнаа обемната и разновидна програма на „Битола Шескпир фестивал“, регионалната соработка што ја поттикнува Фестивалот, како и интересот за големи компании од Европа и од светот за учество на овој театарски фестивал, изјави за МИА од Крајова, Благој Мицевски, уметнички директор на „Битола Шекспир фестивал“.
Вклучувањето на „Битола Шекспир фестивал“ во оваа Европска асоцијација е од особено значење бидејќи ќе отвори многу нови можности за иден развој на Фестивалот и за поинтензивна соработка со другите фестивали од Полска, Германија, Романија, Франција, Унгарија, Англија, Србија и од други земји.
Мицевски не го криеше задоволството од ваквиот развој и успех на Фестивалот, а деталите од конференцијата во Крајова ќе бидат соопштени заедно со програмата на новото издание на „Битола Шекспир фестивал“ на посебна прес- конференција по враќањето во Битола.
Ново на Сител
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари
-
Очевидци: Израелските трупи навлегле подлабоко во Рафа
-
Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ
-
Истражување: Половина од раселените Украинци изразиле подготвеност да се вратат во земјата
-
ЈОРСМ: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o