Битола одбележа 77 години од ослободувањето
Со свеченост и доделувањето на општинската награда за животно дело „4-ти Ноември“ на актерот Петар Мирчевски по повод 77-годишнината од ослободувањето на Битола, синоќа и официјално беше отворен реконструираниот Офицерски дом во Битола. Во 2020 година од страна на Општина Битола со финансиски средства од европските фондови и Светска Банка започна процесот на комплетна реконструкција на зградата која датира од 1909 година. На синоќешната свеченост, немаше голем број гости заради ковид протоколите, а присутни беа досегашната градоначалничка Паетровска и новоизбраниот градоначалник Коњановски.
-Ова беше печат на мојот мандат, врзана сум за овој објект уште пред да станам градоначалник, тоа е нешто што најсрдечно можев да го дадам на празникот на нашиот град, изјави Наташа Петровска, досегашен градоначалник на Битола.
- Најави дека општината ќе му даде добра намена понатаму, а заштитата ќе остане, затоа што Офицерскиот дом е симбол на Битола, рече Тони Коњановски, новоизбран градоначалник на Битола.
Добитникот на наградата за животно дело „4 Ноември“, битолскиот, но и светски актер Петар Мирчевски, истакна дека наградата е валоризација на неговиот актерски труд.
-За овие 42 години, моја професионална актерска дејност во тeатарот, филмот и телевизијата, благодарен сум на мојот театар, на битолчани, на градот, на битолската публика која препознава она што се работи и драго ми е што сум добитник на ова значајно признание, рече Петар Мирчевски, добитник на наградата 4 ноември.
Свеченоста се одржа во салата на Офицерскиот дом која се смета за една од најакустичните на Балканот.
-
Маја Богоевска
Сите содржини од овој новинар
