Македонија
13. April 2022 - 12:22

Битола ќе гради студентски парк

Студентите на во Битола ќе добијат „Студентски парк“ кој ќе се наоѓа кај Факултетот за информатички и комуникациски технологии. Активностите за расчистување на теренот веќе започнаа, а идејата била на самите студенти.

-Како универзитетско студенско собрание сакаме да поттикнеме, креативност, амбициозност и иницијатива кај студентите, да бидеме активни двигатели во општеството и оваа соработка да ја искористиме како подлога за натамошна соработка на Општината и нашиот Универзитет. Идејата произлезе по пат на селекција на идеи и предлози од страна на собранието и дојдовме на идеја дека студентите на УКЛО имаат потреба од простор за креативно делување, дружење и вмрежување на студентите, рече СИМОНА НАУМОВСКА, претседател на Универзитетско студентско собрание. 

Студенскиот парк ќе се реализира со средства од Општина Битола и Универзитетот „Св.Климент Охридски“. 

- Идејата која потекнуваше од студентите да се оплемени оваа последна зелена оаза во комплексот на Касарната. Местотo ќе биде од интерес не само на студентите туку и на граѓаните, оплеменето и со урбана опрема и со содржини кои што студентите  ги бараат, рече Тони Коњановски, градоначалник на Битола. 

-Ќе се трудиме дел по дел, со заеднички сили да го реализираме она што за мене на почеток беше крупен залак, но штом ја имаме поддршката од студентите ништо не е тешко, изјави ПРОФ. Д-р Сашо Коруновски, Ректор на УКЛО.

Се очекува паркот да биде готов за три месеци.