Македонија
8. April 2022 - 12:18

Битола го одбележува Светскиот ден на Ромите

На еден поинаков начин во Битола беше одбележан Светскиот ден на Ромите, акцент беше даден на пишаниот збор, поточно беше одран рецитал на ромската поезија. На тој начин ја испратија пораката за важноста на овој ден за Ромите и една поинаква слика за нив.

-Овде започнува синергијата на ромските интелектуалци, започнува да се раѓа одговорноста за идните генерации, започнува да се раѓа одговорноста за идните генерации, проактивна слика за промена на глобалната слика на ромскиот народ, изјави Рамадан Рустемов, Здружение Ромско јато.

Денешниот светски ден на Ромите ќе се одбележи и со културно-уметничка програма на неколку места низ градот.