Биткоинот за првпат во историјата над 120.000 долари

Биткоинот за првпат надмина 120.000 долари, што претставува важна пресвртница за најголемата криптовалута во светот, бидејќи инвеститорите се потпираат на долгоочекуваните политички потези во корист на индустријата што се очекуваат оваа недела.
Почнувајќи од денеска Претставничкиот дом на САД ќе дебатира за серија закони што треба да ѝ обезбедат на дигиталната индустрија регулаторна рамка што долго време ја бара.
Овие предлози наидоа на одобрение од американскиот претседател Доналд Трамп, кој се нарече себеси „крипто претседател“ и ги повика пратениците да ги променат регулативите во корист на индустријата.
Овој замав, што доведе до пораст на биткоинот за 29 проценти од почетокот на годината, поттикна поширок раст на другите криптовалути во последните недели, и покрај хаотичните трговски тарифи на Трамп.
Етерот, втората најголема криптовалута по пазарна капитализација, денес го достигна своето највисоко ниво за повеќе од пет месеци – 3.048,23 долари.
Вкупната пазарна вредност на секторот порасна на околу 3,78 трилиони долари, покажуваат податоците од CoinMarketCap.
Ново на Сител
-

Две жени биле нападнати од нивните сопрузи во кумановско
-

Усогласен Буџетот на ЕУ за 2026 година
-

Со 1.59 промили алкохол во крвта управувал возило, приведен 24-годишен кавадарчанец
-

Рибочуварка на Тиквешко Езеро пријавила физички напад од сопружници
-

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари
-

Приведен 28-годишен струмичанец кој бил баран по потерница за извршена тешка кражба
-

Јапонија ја повика Кина да преземе „соодветни мерки“
-

Кари повтори рекорд на Џордан
