Биткоин надмина вредноста од 92.000 евра

Вредноста на биткоинот денеска, до 15 часот по средноевропско време, се зголеми за 3,54 отсто и достигна 92.005,42 евра на најголемата светска берза за криптовалути, Бинанс, покажуваат податоците за пазарната трговија.
Вкупниот обем на тргување со биткоини во последните 24 часа изнесува 61,28 милијарди евра.
Индексот на „страв и алчност“ за биткоин денеска е на ниво 29, што се смета за категорија „страв“, што претставува мало подобрување во однос на вчерашните 22 поени, кога пазарот беше во состојба на „екстремен страв“.
Вредноста на етериумот (ETH) порасна за 4,49 проценти и изнесува 3.123,69 евра, додека бајненс-коинот (BNB) се зголеми за 1,64 проценти на 865,68 евра. Криптовалутата солана (SOL) забележа раст од 6,24 проценти и сега изнесува 146,77 евра, а аваланч (AVAX) порасна за 4,58 проценти на 15,78 евра.
Криптовалутата тонкоин (TON) денеска се тргува за 1,85 евра, што е зголемување од 2,83 проценти во однос на вчера.
Најактивно се тргува со биткоин, етериум и солана, а најголем дневен раст моментално бележат криптовалутите COTI, STRK и WLFI.
МИА
Ново на Сител
-

Запалена машина за железо причина за големиот пожар што ги вознемири скопјани
-

Судење за „Пулс“
-

Пожар во отпад во Шуто Оризари
-

Судење за „Пулс“
-

123 години од смртта на македонскиот револуционер и великан Гоце Делчев
-

Мицкоски: Атмосферата со Бугарија ќе се вжештува - Филипче: Бугарите не ни се непријатели
-

Трибина: Темел на државноста - визија за иднината
-

Кривични пријави за малолетничките од Ѓорче Петров
