Битиќи: Засега нема потреба од ребаланс на Буџетот, приходите се подобри од очекувањата
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи смета дека во моментов нема потреба од ребаланс, бидејќи ликвидноста и приходната страна на Буџетот се попозитивни од очекуваното.
-Во овој момент не размислуваме за ребаланс иако вообичаено во период дури и кога немало кризи сме имале најмалку еден ребаланс. Кажавме ако е потребно секако ќе влеземе во процес на ребаланс, но се уште немаме прецизирано кога би било тоа затоа што податоците за ликвидноста на Буџетот, на приходната страна во Буџетот се стабилни, дури се и попозитивни од тоа што и самите го очекувавме, рече Битиќи во одговор на прашање по денешното потпишување договор за државна помош со Дрекселмајер.
Тој посочи дека засега за управувањето со јавни финансии доволна е алатката за пренамена на буџетските средства.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Добро се справуваме со пожарите
-
Инсекти тврдокрилци се преносители на пожарите на Серта
-
ДУИ: Бројот на советници во општините да се врати на старо
-
Нов мултифункционален центар во Аеродром
-
Нов базен во Кисела Вода
-
Општата болница во Струмица добива нови доктори и здравствен персонал
-
Светски ден на борба против хепатитис
-
Преглед на вестите од светот