Битиќи во Брисел на скрининг состаноци и на средби со претставници на ЕК и ЦЕФТА
Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонијa задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, од денеска до 1 март ќе престојува во Брисел, каде што ќе се обрати на двата билатерални скрининг состанока од Кластер 2, „Внатрешен пазар“, состанокот од Поглавје 9 „Финансиски услуги“ и Поглавје 28, „Заштита на потрошувачите и јавно здравје“, соопшти владината прес-служба.
Вицепремиерот Битиќи за време на престојот ќе има и одвоени средби со европскиот комесар за економија Паоло Џентилони, со Темис Христофиду, генерална директорка за образование, млади, спорт и култура при Европската комисија, со директорот на Секретаријатот на ЦЕФТА Емир Џикиќ, со Марк Леметр, генерален директор за истражување и иновации, и со Бен Батерс, извршен директор на Еурочемберс.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на ИЈЗ
-

Одрони на патиштата на истокот, „Македонија пат“ 24 часа на терен
-

Филипче го одби Мицкоски за лидерска, тој пак не се откажува од состанокот
-

Инфлацијата лани изнесувала 4,1%, трошоците на мало зголемени за 3,6%
-

100 жители на Кичево евакуирани во спортска сала откако им беа поплавени домовите
-

Поплавени куќи и објекти во Охрид
-

Снежно невреме и поплави во целиот регион
-

Ординациите на матичните лекари полни со болни од грип
