Битиќи: Усогласување на платите ќе има, но сите треба да бидеме свесни за состојбата во која се наоѓаме
Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи во интервју за емисијата „Утрински Брифинг“ посочи дека СДСМ преку Владата што ја предводи докажала дека подобрување на животниот стандард на граѓаните е највисок можен приоритет.
„Напоменуваме дека просечната плата порасна од 21.000 на 30.000 денари веќе со последната просечна плата. Минималната плата исто така. Усогласувањето рековме дека ќе го има, но, притоа мораме сите да сме свесни за состојбите во кои се наоѓаме. Истовремено, исходот на преговорите за минимална плата имаше 3 резултати. Првото зголемена минимална плата, второ консензус дека ќе има усогласување, дека за усогласувањето ќе се применува членот 8-А кој што дава период од 6 месеци и сите чинители таму рекоа ДА, го прифаќаме тој предлог вклучително и СОНК и другите, и КСС и другите“ порача Битиќи.
Осврнувајќи се на генералниот штрајк на СОНК, потпретседателот Битиќи истакна дека правото на штрајк е загарантирано но и дека тој лично смета овој синдикат не дал шанса на преговорите.
„Генерален штрајк очигледно е започнат, за жал сметам дека не се даде шанса доволно на преговорите од страна на СОНК и покрај неколкуте обиди да преговараме сепак повикаа на штрајк иако сметам дека во одредени региони е парцијално затоа што има региони во кој самите градоначалници повикаа да сепак воспитно образовниот процес продолжи затоа што децата треба да бидат приоритет а сето друго се наоѓа решение на маса на преговори. Во економско-социјалниот совет беа вклучени и СОНК и КСС иако не се репрезентативни синдикати. На преговорите за минималната плата се договоривме дека усогласувањето ќе се врши во рок од шест месеци, но сепак после само три дена тие најавија дека на 11 април ќе има штрајк“ заклучи потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи.
Центар за комуникации со јавноста-СДСМ
Ново на Сител
-
30 години дипломатски односи со Јапонија
-
Македонски шуми започнуваат со обнова на расадниците
-
Пазарите преплавени со лажен фалсификуван мед
-
Преглед на вестите од светот
-
14 загинати, меѓу нив и Македонец при уривање на бетонска конструкција на железничката станица во Нови Сад
-
Како да се заштитите од фишинг напади?
-
Тема на денот со Малинка Ристевска Јорданова, експерт за ЕУ
-
По години чекање и живот во сенка, Бадема Барути доби македонско државјанство