Бизнис
23. September 2020 - 16:47

Битиќи се премисли - ќе се дебатира за етничките вработувања

Вицепремерот Битиќи се попишмани. Откако во саботата рече дека е неблагодарно да се трошат јавни пари за етничка основа, денеска, пак, посочи дека во Владата ќе има широка дебата за ова прашање и не гледа дека има расфрлање на парите од граѓаните.

Во саботата Битиќи беше дециден професионалноста треба да биде клучен фактор при вработување.

И додека  на големо се разглеудва мерката  со која приватните фирми би добиле субвенции ако вработат лица од други етнички групи, сеуште нема решение за 1.300те вработени по рамковен кои подолг период седат дома, а земаат плата. Битиќи тврди дека во министетвото за политички систем со кое раководи Артан Гурби веќе се бара решение.

Мерката субвенции за фирмите кои ќе вработат лица од други етнички груи предизвика лавина реакции во јавноста. Дел од јавноста смета дека станува збор за дискриминација на најголемиот етникум во Македонија. А дел од Албанците се револтирани бидејќи ваквата мерка ги претставува како неспособни. Засега не се знае точно колку средства  ќе бидат потребни, но минисетрот за економија Бекшети вчера посочи дека ќе направи напори и ќе бара пари истата да може да почне да се реалзира следната година.