Битиќи: Нема услови да се зголемат цените на производите по одмрзнувањето
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи не очекува големи осцилации и зголемување на цените на прехранбените производи, по нивното одмрзнување што треба да стапи во сила задутре, но најавува дека Владата ќе ја следи состојбата за да реагира ако евентуално се случи тоа.
-Сите предуслови за да останат цените на исто ниво, а можеби дури и да бидат помали се направени, сите претходни услови што беа креирани за да се зголемат цените сега ги нема, а електричната енергија не е на цената на којашто беше. Цената на суровини на светските берзи е намалена. Тоа значи дека и тие што произведуваат, но и тие што тргуваат, имаат услови реално да ги задржат намалените цени, како што беа замрзнатите цени, дури и да бидат намалени. Ние видовме дека на пазарот со зеленчук, природно се намалија дури за 40 проценти од замрзнатите цени и затоа одлуката е да се одмрзнат, изјави денеска Битиќи.
Минатата недела, како што информираше, имале состонок во Стопанската комора, а убедувањето, како што рече, е дека ќе нема големи осцилации, односно наплив на зголемување на цени.
- Но, подготвени сме будно да следиме, ако евентуално се случи тоа да реагираме, но мислам дека нема услови за тоа, рече Битиќи, на новинарско прашање по отворањето на МЕФ Енергетскиот Форум 2023.
Тој пред учесниците на конференцијата порача дека во фокус на работата на Владата е изградба на капацитети за производство на енергија од обновливи извори на енергија.
-Ако земеме предвид дека секторот енергетика креира 10 до 15 проценти од БДП на нашата економија, тогаш јасен е изборот што го правиме во енергетскиот сектор денес, дека ова ќе има големо влијание врз иднинатата на нашата економија и благосостојба на граѓаните. Нашата држава е енергетски лидер во регионот, со усвоени и имплементирани закони и подзаконски акти, целосно усогласени со Европската енергетска заедница и на овој начин ја овозможуваме либерализацијата на енергетскиот пазар, рече Битиќи.
Ново на Сител
-
Десеттина ученици се фатени како препишувале на првиот испит од државната матура – какви мерки им следуваат?
-
Со една изборна единица до поголема демократизација
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник
-
Бимилк го одбележува светскиот ден на млекото
-
Како Асмир Јахоски доби времен пасош?
-
Мицкоски: Бугарските европратеници сакаат да додадат „сегашен“ македонски индентитет во извештајот на ЕП
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи една изборна единица, но со право да гласа и дијаспората
-
НАТО вежба „Брз одговор“ на Криволак