Македонија
1. October 2022 - 19:21

Битиќи му одговори на Мицкоски: Нема потреба од разговор во 4 очи, дојдете на Економски совет во среда

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи му одговори на Фејсбук на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Хрсистијан Мицкоски.

„Нема потреба од разговор во 4 очи, зад затворени врати. Комплексноста на оваа криза од нас бара да се кренеме над себе, бидејќи солидарност, одговорност и колективна мудрост е она што ќе не изнесе низ неа. Во среда е закажан Економски совет во широк формат, кој се обидовме да биде продуктивен и конструктивен за време на корона кризата. За жал опозицијата таа шанса за покажување на дело грижа и совесност не ги покажа, напротив не се одважи да дојде па започна со блокада, па активна блокада на Собранието.  Граѓаните знаат дека јавно веќе скоро три години ги повикувам на соработка и одговорност, со цел справување со кризата. Еве, повторно, вратите се отворени, решенијата секогаш се наоѓаат на маса на која сите седиме заедно“, пишува Битиќи на фејсбук.