-->
-->
Битиќи: Минималната плата ќе расте
-->
Минималната плата ќе биде 18.000 денари и тоа ќе се случи, штом се постигне договор помеѓу Владата, синдикатите и работодавците. Енергетската криза, економската криза и политичките состојби не дозволија минималната плата да се зголеми уште во месец декември, но раст на минималната плата во следниот период ќе има, порача потпретседателот на СДСМ и вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи.
Тој во гостување во Алсат Телевизија, посочи дека помошта кон граѓаните ќе продолжи, дека тоа е одлика на СДСМ и владите што ги предводи и тоа ќе продолжи и во иднина.
-Во 2016 година минимална плата беше 9.000 денари или 38 отсто од просечна, на крај на декември 2021 просечна плата е 29.145 денари, а миниалната плата во ноември 2021 е на ниво од 52,2 отсто од просечната плата. За четири години уделот на минималната плата во просечната плата е за цели 14 процентни поени. И ова е еден од показателите кој влијае на намалување на сиромаштијата. Дополнително, со социјалната реформа која ја спорведовме дополнително влијаше врз степенот на сиромаштија и ако не ја преземавме оваа реформа, сега во време на пандемија ќе зборувавме за многу поголема стапка на сиромаштија од она што е во моментов, вели Битиќи.
Ние во овој момент, додава тој, имаме околу 35.000 приматели на Гарантиран минимален приход, наспроти околу 80.000 луѓе кои претходно добиваа социјална помош по три или четири илјади денари.
-Да не го занемаруваме и фактот дека со помош на економските мерки за помош во време на пандемијата, Владата успеа да спаси околу 60.000 работни места, што беше потврдено и од Меѓунардониот монетарен фонд, нагласи Битиќи.
Во однос на енергетската криза, потпретседателот Битиќи посочи дека уште минатата година Владата го намали ДДВ за електрична енергија од 18 на 5 отсто, а сега ќе следуваат нови мерки, од кои првата од нив е субвенционирање од 600 до 800 денари месечно на сметките за електрична енергија за 7.500 семејства со ниски примања.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Донесени измените на Законот за средно образование
-
Зоолошка: Ламата која угина имаше туберкулоза, за оваа болест кај животните нема лек, ниту пак постои вакцина
-
По 7 години запуштеност, „Македонско село“ повторно ќе заживее!
-
Таравари: Секој кој се огрешил пред законите мора да понесе одговорност
-
Во тек е пријавувањето за финансиска поддршка од 1.000 денари месечно за електрична енергија – рокот до 19 април
-
Филков-Божовиќ: Северна Македонија и Црна Гора имаат многу сличности во процесот на реформи
-
Уставниот суд утре ќе одлучува дали Џафери го дискриминирал Апасиев
-
Објавен конкурсот за распределба на 229 милиони денари за проекти од областа на животната средина