Битиќи: Ќе има доволно количини масло за јадење за да се преброди кризниот период
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска изјави дека домашните компании кои произведуваат масло за јадење имаат залихи за месец до месец и половина, но оти со дополнителните количини и мерката за отстранување на увозните давачки за сончогледовото масло за јадење ќе има доволни количини за да се преброди кризниот период додека не се најдат алтернативни извори на суровини.
– Секојдневно преземаме мерки. Комуницираме со компаниите кои го рафинираат и произведуваат маслото за јадење во нашата држава. Нивните залихи се доволно за месец до месец и половина и сметаме дека со дополнителните количини и вчерашната мерка ќе имаме доволно за да го пребродиме целиот овој период што претстои додека се најдат алтернативни извори на суровини кои заради кризата во Украина и Русија ги снема. Сметам дека се што е во наш домен да осигураме дека ќе го има производот, го правиме, изјави Битиќи.
Одговарајќи на новинарски прашања по денешната посета на компанијата „Костел“ во Охрид, вицепремиерот рече дека не очекува значително големи ценовни шокови во однос на цената на маслото за јадење, но оти се можни мали нијанси.
– Моите очекувања се дека не би требало да претрпат значително големи шокови. Мали нијанси на зголемување може да се очекуваат затоа што сепак тоа се производи кои не се произведуваат кај нас и доаѓаат со одредена цена однадвор. Таму малку можеме да придонесеме како Влада, рече Битиќи.
Ново на Сител
-

Во Македонија регистрирани 26 случаи на западно-нилска треска
-

Зголемен интерес за упис на УГД-Штип
-

Младите од Прилеп бараат отворање на Младински културен центар, како и повеќе културни и спортски настани
-

Охрид 19 дена во знакот на водените спортови
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за орбазование и наука
-

Протестите сè поизвесни – превозниците бараат решение за престојот во Шенген
-

Војната на Блискиот Исток и инфлацијата го намалија бројот на туристи во земјава
-

Утре ќе се знае дали гостиварци ќе добијат питка вода
