Бизнис
27. April 2021 - 16:52

Битиќи до угостителите: Помош за оние кои не биле дел од сивата економија

Помош ќе добијат сите кои пред пандемијата работеле според законите изјави  вицепремиерот Битиќи. Иако  вчера  од туристичко- угостителската комора побараа  средба со економскиот тим на Владата за повторно да пробаат да ги убедат надлежните во пакетот  да бидат вклучени нивните предлози,  Битиќи вели дека  секогаш е отворан за разговор,  но помош ќе добијат само оние кои ја помагаат економијата.

Вчера туристичките работници и угостителите одлучија протестите да ги стават во мирување. Но ако нивните барања не бидат исполнети по Велигден продолжуваат со протестите.

Тие бараат неповратна помош во вид на грантови, а туристичките работници освен финансиска поддршка, бараат  да бидат вклучени во проектот Дома си е дома. Сметата дека без нивните барања шестиот пакет само ќе ги ублажи последиците, но нема да помогне за спас на секторите.

Од развојната банка велат дека микро, малите и средни фирми со до 250 вработени на располагање ги имаат и бескаматните кредити од развојната банка. Јавниот повик ќе биде објавен до крајот на мај.

Шестиот пакет  тежи 17, 8 милиони евра и со него ќе бидат помогнати 12 сектори.