Бискупот Стојанов упати честитки до папата Лав Четиринаесетти
Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов денеска упати писмо со честитки до новиот папа Лав Четиринаесетти.
Ваша Светост,
Со голема радост и синовска љубов ја примив веста за Вашиот избор за Петров наследник и Пастир на Универзалната Црква. Од името на верниот Божји народ на Католичката Црква во Македонија, свештенството и монаштвото, како и од мое лично име, Ви го честитам изборот и воедно благодарам што ја прифативте оваа одговорна и света служба, свесни за сите предизвици со кои се соочува Христовата Црква.
Сигурен сум дека со мудроста што Ви е дарувана преку Вашето мисионерско искуство, пасторалната грижа и верноста кон Евангелието, водени од Светиот Дух ќе управувате со коработ Петров – Црквата, низ немирното море, за доброто на целиот Божји народ.
Од Македонија, портата од каде што Свети Павле го пренесе христијанството низ цела Европа, од просторите од каде што потекнуваат светите браќа Кирил и Методиј и од родниот град на света Мајка Тереза, Ви ја ветувам мојата лична молитва, како и молитвите на целиот Божји народ во Македонија, со желби Вашата служба да донесе обнова и зацврстување на верата, единство меѓу христијаните и мир во целиот свет.
Ново на Сител
-
Со секира ги нападнал родителите, таткото починал - приведен маж од кичевско
-
Индија и Пакистан упатија меѓусебни обвинувања за кршење на прекинот на огнот
-
Трамп: Ќе ја зголемам трговијата и со Индија и со Пакистан
-
Кривична пријава против турски државјанин за обид за убиство во Скопје, одреден му е притвор
-
Макрон за предлогот на Путин: На безусловен прекин на огнот не му претходат преговори
-
Трамп за повикот на Путин за преговори: Потенцијално голем ден за Русија и Украина
-
Министерот Муцунски во работна посета на Шведска
-
Авионска дезинсекција против комарци во Скопје