Бискупот Стојанов упати божиќна честитка до архиепископот Г.Г. Стефан и верниците

По повод празникот Рождество Христово -Божиќ, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монсињор Киро Стојанов, на 4 јануари 2024 година, упати честитка до Архиепископот охридски и македонски Г. г. Стефан и членовите на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА.
Во честиткта бискупот Стојанов истакнува дека раѓањето на Господ Исус Христос ни открива дека целиот наш живот, работа и страдање се осветлени од неговата светлина и како во него ја наоѓаат својата целосна смисла и јасност и додава: „Додека овие денови се радуваме што „Словото стана тело и се всели меѓу нас“, се молиме да нè очисти, просветли и води, зашто во Него е сета наша смисла, сета добрина и убавина на неизмерната Божја љубов.“
„Честит празник Рождество Христово – Божик и Благословено Ново Лето ви посакувам Вам, Ваше Блаженство, на членовите на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА, на свештенството и монаштвото и на сиот верен народ“ – стои во честитката на бискупот Стојанов упатена до Архиепископот охридски и македонски Г. г. Стефан и членовите на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА.
Во одвоена честитка бискупот Стојанов на Архиепископот охридски и македонски Г. г. Стефан му го честита именденот, упатувајќи молитва Свети Стефан да се застапува за него пред Господа Бога и Божјиот благослов секогаш и насекаде да го прати во животот.
Ново на Сител
-

Цртеж на Микеланџело од пред 500 години, продаден за 27,2 милиони долари
-

Во Иран се уапсени истакнати реформистички политичари
-

Продолжува истрагата за запленетите над 40 тони марихуана
-

Пронајдени четири мигранти на автопатот „Пријателство“, приведен кумановец што ги превезувал
-

ВМРО-ДПМНЕ: Фирми блиски до СДСМ се главни за марихуаната
-

„Безбеден град“ за една недела регистрирал 4 991 прекршок, најмногу за брзо возење
-

СДСМ: Како поминаа 5 тони дрога на граница?
-

ЈОРСМ: Продолжува истрагата за запленетите над 40 тони марихуана
