Бисера Костадиновска – Стојчевска ја презеде функцијата министерка за култура од Ирена Стефоска
Досегашната министерка за култура Ирена Стефоска, во Министерството за култура и ја предаде функцијата на новоизбраната министерка, Бисера Костадиновска Стојчевска.
-На новоименуваната министерка Костадиновска – Стојчевска, Стефоска ѝ посака срдечно добредојде во Министерството и многу успех во мандатот. Таа подвлече дека во ресорот се започнати повеќе процеси и проекти кои се од системско значење за уредување на културата, а кои поради сложеноста се одвиваат во повеќе фази кои бараат континуитет. Некои од нив се во сферата на заштитата на културното наследство, инвестициите, нормативата, евроинтеграциите, УНЕСКО, како и функционалната анализа во самото Министерство за култура. Стефоска им се заблагодари за довербата и соработката на својот тим и на сите вработени во Министерството, како и на културните работници и на уметниците, информираат од Министерството за култура.
Новоименуваната министерка за култура, Бисера Костадиновска – Стојчевска, се заблагодари на убавите желби упатени од Стефоска и рече дека позицијата министерка за култура на Република Македонија ја презема со голема чест и одговорност.
-Подготвена сум за предизвиците и за соочување со проблемите, но и за убавината и прогресот што културата ги носи како силен обединувачки елемент во секое општество. Искрено верувам дека сите заедно ќе оствариме нови цели и успеси со трајни вредности, рече министерката Костадиновска – Стојчевска.
Ново на Сител
-
MВР: Пронајдена метална кутија со 151 куршум
-
Стојановска и Биковски избрани за Републичко обвинителство, во ОЈОГОКК ќе се придружат Хаџи Василева и Азизи
-
Собранието донесе неколку закони и потребата за донесување на закони по скратена постапка
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Мицкоски на средба со претседателот на Австрија
-
До Нова година мониторинг, а потоа строги казни за оние што не го почитуваат Законот за нефер трговски практики
-
Просечната нето-плата во август 41 097 денари
-
Приведен бегалец од затвор, осуден на казна затвор од осум години