Бионтек во јуни очекува одобрување од ЕУ за вакцина за деца на возраст од 12 до 15 години
Германската лабораторија „Бионтек“ наскоро ќе достави барање до ЕУ за одобрување на својата вакцина против Ковид-19 за деца на возраст од 12 до 15 години и очекува таа да биде одобрена веќе во јуни.
– Во Европа сме во завршна фаза пред да ги предадеме податоците за клинички испитувања до Европската агенција за лекови (ЕМА) и постапката треба да трае четири до шест недели, изјави ко-основачот и директор на лабораторијата Угур Сахин за германското списание „Шпигел“.
Вакцината во моментов е одобрена само за лица на возраст над 16 години.
Бионтек и неговиот партнер Фајзер на почетокот на април поднесоа барање во САД за проширување на итното одобрување на вакцините за адолесценти на возраст од 12 до 15 години.
Барањата за одобрување се засноваат на податоци од клиничко испитување во трета фаза за таа возраст објавени на крајот на март, кои „покажаа дека вакцината е 100 проценти ефикасна“ во спречување на болеста, соопштија лабораториите.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево