Билстром: Ги исполнивме сите турски барања за членство на Шведска во НАТО
Шведска ги исполни сите услови што ги постави Турција за члнство во НАТО, изјави шефот на шведската дипломатија Тобиас Билстром на заедничката прес-конференција со британскиот колега Џејмс Клеверли.
Билстром истакна дека со спроведувањето на новиот Закон против тероризмот, Шведска го исполнила последниот услов за влез во Алијансата, според трилатералниот договор меѓу Хелсинки, Стокхолм и Анкара.
Според Законот против тероризмот незаконски да се учествува во терористичка организација на кој било начин.
– Со ова го испочитувавме последниот дел од нашиот договор, посочи Билстром.
Шведска поднесе барање за членство во НАТО по минатогодишната руска инвазија врз Украина, но нејзиното членство сè уште не е ратификувано од Турција и Унгарија.
– Велика Британија ќе продолжи да се залага за брзо завршување на приемот на Шведска во НАТО. Шведска мора и ќе влезе во НАТО и треба да го направи тоа што е можно побрзо, посочи Клеверли.
Тој додаде дека е „во интерес на Турција Шведска да стане членка на Алијансата и тоа треба да го направи што е можно побрзо“.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова: Ниту сум имала намера, ниту ќе употребам вето за да навредам некој јазик
-
Зеленски: Русија загуби 38.000 војници во Курската област
-
Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-
Мицкоски: Нека Божик ни даде нова сила да работиме заедно и да создаваме големи дела за доброто на сите граѓани
-
Бајден забрани нови дупчења на наоѓалишта на нафта и гас во близина на атлантското и тихоокеанското крајбрежје на САД
-
Божиќна ѕвезда – украс за новогодишните и божиќните празници
-
Почувствуван земјотрес во Македонија
-
Тибет: Над 50 загинати и десетици повредени во силен земјотрес на Хималаите