Билстром: Ги исполнивме сите турски барања за членство на Шведска во НАТО
Шведска ги исполни сите услови што ги постави Турција за члнство во НАТО, изјави шефот на шведската дипломатија Тобиас Билстром на заедничката прес-конференција со британскиот колега Џејмс Клеверли.
Билстром истакна дека со спроведувањето на новиот Закон против тероризмот, Шведска го исполнила последниот услов за влез во Алијансата, според трилатералниот договор меѓу Хелсинки, Стокхолм и Анкара.
Според Законот против тероризмот незаконски да се учествува во терористичка организација на кој било начин.
- Со ова го испочитувавме последниот дел од нашиот договор, посочи Билстром.
Шведска поднесе барање за членство во НАТО по минатогодишната руска инвазија врз Украина, но нејзиното членство сè уште не е ратификувано од Турција и Унгарија.
- Велика Британија ќе продолжи да се залага за брзо завршување на приемот на Шведска во НАТО. Шведска мора и ќе влезе во НАТО и треба да го направи тоа што е можно побрзо, посочи Клеверли.
Тој додаде дека е „во интерес на Турција Шведска да стане членка на Алијансата и тоа треба да го направи што е можно побрзо“.
Ново на Сител
-
Лавров: Западот се обидува да спречи формирање на мултиполарен свет
-
Сѐ уште активни пожарите во Илинден, Долнени и Липково, пожарите на Кожуф, Јасен и Вардариште ставени под контрола
-
Активни шест пожари, три под контрола
-
Истрага против дилер на марихуана во Скопје
-
Археолошкиот локалитет Стоби привлечен за странските туристи – Американците најбројни посетители
-
Нема листа на метар, малку независни
-
Висока делегација на Вооружените сили на Романија од утре во официјална посета на Армијата
-
Путин: Русија ги поддржува иницијативите на кинескиот лидер за глобално управување