Билјана ја убил бидејќи рекла дека бебето не е негово и дека не заработува доволно, и забил нож во гради и мирно чекал да дојде полицијата
Синиша Радованчев (50) се сомничи дека вчера во семејниот стан во Панчево околу 19 часот со нож и нанел смртоносен убод на неговата невечната сопруга Билјана Мијатовиќ (30) со која има 20 дена старо бебе.
Мотивот на злочинот се уште не е познат, но соседите веруваат дека Синиша ја убил Билјана под дејство на алкохол, поради расправија околу пари и старателство. После тоа мирно пријавил во полиција што направил и чекал да дојдат.
- Бил сопственик на фарма на крави која ја водел неговиот син од првиот брак Срѓан, инаку една година помлад од Билјана. Наводно таа му префрлила дека не добиваат доволно пари од фармата, па Синиша, импулсивен каков што бил се нафрлил на нејзе - објаснува еден од соседите, кој додава дека во зградата на Савска улица се зборува дека парот се расправал бидејќи Билјана во афект му рекла дека бебето родено пред 20 дена не е негово.
Билјана зад себе имала еден брак со насилна личност и 12 годишна ќерка. Потекнувала од сиромашно семејство, неодамна починала нејзината мајка, додека Синиша претходното семејство го напуштил и им го препишал целиот имот.
- Поради Билјана ја остави првата жена Душица и си замина. Има и внучиња - во неверување кажале соседите.
За ќерката на Билјана од првиот брат грижата ја превземала нејзината баба, додека бебето го земале вработени во Центарот за социјална работа.
Синиша во моментот на трагедијата бил осуден на казна куќен притвор поради нанесување на тешки телесни повреди. Веднаш по убиството е упасен и одреден му е задржување од 48 часа по налог на Обвинителството.
Ново на Сител
-
Тик-ток предизвик или несреќа: 11 годишен ученик паднал од третиот кат во прилепско училиште
-
Наставниците добија упатство за ризиците од Тикток
-
Собранието ги поправи и потврди измените на кои Силјановска стави вето
-
Мицкоски од ВИП ложа ја следеше инаугурацијата на Трамп, бројни средби и денеска во Вашингтон
-
Изборот на Трамп ќе донесе економски придобивки за Западниот Балкан
-
Трамп не губи време, почна да ги користи своите претседателски овластувања
-
Онколошки пациенти повторно останаа без биолошка терапија – повеќе пари или подобро планирање?!
-
Трговците се алчни и не ги намалија цените со „Новогодишната кошница“, кажа Трендафилов