-->
-->
Билиќ: Горд сум што работев во овој клуб
-->

Хрватскиот тренер Славен Билиќ е четвртиот менаџер во Премиер лигата кој доби отказ по серијата слаби резултати. Билиќ денеска беше разрешен од позицијата менаџер на Вест Хем, откако неговата екипа загуби во саботата на домашен терен од Ливерпул со 4:1.
- Очекував отказ и нема лутење. Разочаран сум, но не од клубот. Можам да бидам горд на мојата работа во овој клуб. Сезоната не ја почнавме добро, а како и во многу клубови кога нема резултат, тренерот ја плаќа цената. Тоа е логичен потаз. Навивачите кон мене беа бруљантни од почетокот до крајот, изјави Билиќ.
Билиќ во Вест Хем дојде во јуни 2015 година, во првата сезона го освои 7.место, а лани неговата екипа заврши на 11.место, додека во овој момент клубот од Лондон се наоѓа на 18.место со двете бодови и само две победи.
Британски „Скај спорт“ најавува дека нов менаџер на Вест Хем ќе биде Девид Мојс, кој ќе има договор до крајот на сезоната.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Општина Струмица ја покрива Шапкар со земја за да го намали ризикот од пожари
-

Преглед на вестите од светот
-

Одобренија за нови 1030 станови, половина во Скопје
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Прв конгрес на Српската демократска лига
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од кумановско
-

Владата пресмета колку пари месечно му требаат на четиричлено семејство
