Били Ајлиш загуби над 100.000 следачи поради слики со голи гради
Американската пејачка Били Ајлиш загуби над сто илјади следачи на Инстаграм откако објави стилизирано обоена слика од две жени со голи гради.
Имено, како дел од еден „интернет-предизвик“, обожавателите ја замолија пејачката да објави што ѝ стои на позадината од телефонот… Потоа таа ја објави полуеротската слика и уште една со рачно нацртани голи женски гради, задници и змии, со шеговит коментар „(Се смеам на глас) Обожавам гради“.
Некои веднаш забележаа дека пејачката загуби 100.000 следачи.
„(Се валкам од смеење) Какви бебиња сте сите вие“, гласеше нејзиниот коментар потоа.
Според многумина, инаку, пејачката важи за една од оние што вообичаено претпочитаат да не привлекуваат внимание со сексуални провокации, туку само со своето творештво и талент.
Ново на Сител
-

“Клексан” и три други антикоагуланти од 1 јули се на позитивната листа и достапни во аптеките
-

По 25 години - нов етички кодекс за новинарите
-

Нов етички кодекс за пратениците - ќе се стави ли крај на навредите во Собранието?
-

Нов доказ во случајот со оддавање службена тајна
-

Преговори за Изборниот законик
-

Нови лекови на позитивната листа
-

Почна пријавувањето на штетите од пожарот во Пробиштипско
-

Производителите на пченица бараат да запре увозот
