Биле во брак 100 дена, кога потоа го погледала неговиот телефон, веднаш отишла во полиција
Моли Кларк (21) го испуштила телефонот од раце кога открила ужасна видео-снимка, и веднаш го предала во полиција.
Младата моли го пријавила својот маж во полиција после 100 дена поминати во брака, откако открила дека тајно снимал деца и жени во тоалет во ресторани за брза храна. Моли Кларк раскажала дека била шокирана од снимките кои ги открила на неговиот телефон.
Како што пишува британскиот "Мирор", телефонот на Ричард Купр го отворила откога се посомнеала дека ја изневерува, но потресена веднаш го фрлила телефонот кога ги открила снимките од тоалетите каде што нејзиниот сопруг работел.
Подоцна открила дека Купер (25) и нејзе тајно ја снимал во тоалетот на нивниот дом, пред да почне да работи во ресторанот.
На фотографиите кои ги пронашла се дете од пет-шест години, тинејџерка и мајка која менува пелена на своето бебе.
Побеснала кога ја одбегнал затворската казна, а осуден е на две години условна казана.
- Сватив дека мажот за кого се омажив и не постоел. Не го познавав. Беше лажго, живееше двоен живот и се надевам дека никогаш повеќе нема да го видам – рекла Моли за "Mejlonlajn".
Меѓутоа, како ја одбегнал затворската казна, се плаши дека би можела да налета на него на улица.
(Вечер)
Ново на Сител
-
Десеттина ученици се фатени како препишувале на првиот испит од државната матура – какви мерки им следуваат?
-
Со една изборна единица до поголема демократизација
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник
-
Бимилк го одбележува светскиот ден на млекото
-
Како Асмир Јахоски доби времен пасош?
-
Мицкоски: Бугарските европратеници сакаат да додадат „сегашен“ македонски индентитет во извештајот на ЕП
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи една изборна единица, но со право да гласа и дијаспората
-
НАТО вежба „Брз одговор“ на Криволак