„Билд“: Шаја Лабаф ја претепал својата девојка

Американскиот актер Шаја Лабаф и неговата 22-годишна девојка, британската глумица Миа Гот имале жесток конфликт во текот на престојот во Тубинген, каде Миа снима нов филм, обајви германски весник „Билд“.
Сведок на настанот за весникот тврди дека Шаја и Миа биле видени како се расправаат при излегување од такси возило што ги довело во хотелот во кој биле сместени.
Таа наводно се обидувала да го смири, а Шаја викал дека не сака да стане агресивен.
- Двајцата делуваа како да беа под влијание на алкохол, тврди изворот.
Караницата продолжила и во хотелот, по што актерката заминала кон аеродромот, а Шаја наводно изјавил „дека најверојатно би ја убил ако останела со него“.
„Билд“ тврди дека актерот имал повреда на раката, а дека Гот вториот ден по расправијата се појави со модринка под окото.
Ново на Сител
-

ЛС - Штип со мерки против врсничкото насилство
-

Летните сцени ја збогатуваат понудата
-

Невремето во пробиштипско го отави Штип без вода за пиење
-

Тема на денот со Соња Лепиткова, универзитетска професорка
-

Штип останува без вода
-

Собраниски старт на 2 септември - неизвесно дали ДУИ ќе блокира со реплики
-

Опозицијата бара кривична одговорност за Китановиќ и Стоилковиќ, власта обвинува за хипокризија
-

10 пожари до пладне, на Пелистер се гаси од воздух и земја
