„Билд“: Остров во Грција се продава за 1,6 милиона евра
Германскиот таблиод „Билд“ денеска пишува дека кризата во Грција, која за помошта од 86 милијарди евра мора да спроведе жестоки реформи, покрај приватизацијата на државниот имот и богатите грчки семејства ги принудила да ги стават на продажба малите островчиња, чии сопственици се стотици години.
Според податоците на националната туристичка организација ГНТО, на Грција и припаѓаат околу 6.000 острови и островчиња. Само 227 се населени, а 500 се наоѓаат во приватен посед на концерни, семејства, инвеститори... па затоа нивните цени се високи. Едно од овие острови, на пример, може да се купи за 1,6 милиона евра..., пишува „Билд“ и наведува дека на интернет може да се најде понуда, на пример, за „http://www.vladi-private-islands.de/en/island+buy+st-athanasios-island+greece+europe-mediterranean-sea/ "St. Athanasios Island, каде на 10.000 квадратни метри на купувачите им се нуди брегот и единствениот поглед.
Еден мал грчки остров неодамна за 15 милиони евра замина во рацете на еден голем американски инвеститор, а и холивудската ѕвезда Џони Деп, наводно, пред неколку дена купил еден мал остров во Егејско Море за што платил 4,2 милиони евра..., ги пренесува таблиодот написите во грчките медиуми.
Од појавувањето на финансиската криза во Грција долга е листата на мали островчиња што се продаваат, а моментот за инвеститорите е поволен, бидејќи паѓаат цените на недвижнините во Грција, наведува „Билд“ и укажува дека профитери се специјализирани продавачи на луксузни недвижнини кои сега на своите клиенти од цел свет им нудат домицил (престојувалиште) како од соништата.
- Банкротот мора се што има вредност да го претвори во пари... Грција поседува згради, фирми и ненаселени острови, што може да биде мобилизирано за решавање на долговите..., пред пет години токму за „Билд“ изјави Јозеф Шларман, политичар од редовите на Христијанско-демократската унија на премиерката Ангела Меркел.
Ново на Сител
-
Времето променливо облачно со повремени врнежи од дожд
-
Украина без струја по руски напади
-
Руте најави дополнителни мерки на НАТО за борба против дроновите
-
Лавров: ЕУ сака да го претвори украинскиот конфликт во војна на Трамп
-
Најмоќниот Македонец во Белград | Тома Фила | Неформално | Sitel Podcast 118
-
Фон дер Лајен: Целосно стоиме зад вас, топката е во вашиот двор
-
Мисајловски: Подготвени сме да ја поддржуваме Украина, но мора да се грижиме и за нашата Армија
-
Албанската полиција на ГП „Блато“ заплени стока прошверцувана од Македонија