-->
-->
„Билд“: Меркел би можела да биде следниот генерален секретар на ОН
-->
Германскиот канцелар Ангела Меркел по истекот на третиот мандат може да дојде на чело на Обединетите нации, наведува германски Билд додавајќи дека се почести се гласините дека таа може во почетокот на 2017 година да го наследи Бан Ки-мун на функцијата генерален секретар.
– Оној кој еднаш играл во врвна лига од светската политика не треба да премине на полоша работа, а над берлинскиот канцелар нема многу, освен можеби „светска влада“ на Ист Ривер во Њујорк, наведува најтиражниот европски таблоид.
Мандатот на Бан истекува на 31 декември 2016 година.
Меркел воглавно не коментира такви спекулации освен дека често истакнува дека сака да го задржи ветувањето дадено на Германците дека ќе го исполни целиот мандат кој истекува наесен во 2017 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
САД со рекорден трговски дефицит во март
-
Пуштен сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Прилеп-Крушево
-
Борко Ристовски најави драконски казни за Кожув и Башкими
-
Врховниот суд на САД ја одобри забраната на Трамп за трансродови лица во војската
-
Индија го нападна Пакистан
-
Одбележување на Денот на македонската полиција
-
ФФМ за скандалот во Гевгелија: Овој срам нема да остане неказнет
-
Мерц побара од администрацијата на Трамп да се држи понастрана од германската политика