Билд ја повика Меркел да се вакцинира против Ковид-19

Германските медиуми ги повикуваат политичарите да се вакцинираат против Ковид-19 и со тоа да ги поттикнат граѓаните бидејќи е видлива воздржаноста на Германците кон вакцините.
Билд ја повика канцеларката Ангела Меркел да се вакцинира и со тоа да биде пример за другите. Весникот наведува дека кај Германците пред се постои недоверба во вакцините на АстраЗенека.
Весникот посочува дека досега се употребени само 11 проценти од испорачаните дози на вакцини од АстраЗенека.
Во покраината Баден-Виртенберг биле доставени 100.800 дози вакцини, а само 309 биле аплицирани, додека во покраината Бранденбург ниту една вакцина не е искористена.
– Она што недостасува е довербата. Потребни се примери за вакцинација, пред се од канцеларката Меркел, нагласува Билд.
Весникот потсетува дека Меркел најави дека ќе се вакцинирана кога ќе и дојде редот и дека од нејзиниот Кабинет е посочено дека таа се уште не отстапува од таа изјава.
Заменик-шефот на парламентарната група на Партијата на слободата на Германија (ФДП), Мајкл Тојер, истакна дека сигурно би било позитивен сигнал доколку Меркел и германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер јавно се вакцинираат.
Билд потсетува дека американскиот претседател Џо Бајден и премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху биле вакцинирани пред камерите и дека тие земји имаат далеку поголема стапка на вакцинација од Германија.
Германската Влада од 27 декември досега вложи 25 милиони евра во кампањата за имунизација на населението.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Посетата на претседателката Друпади Мурму е важен исчекор во проширувањето и зајакнувањето на соработката со Индија
-

Археолошко богатство старо 2.300 години кај Младо Нагоричане сведочи за развиеното македонско кралство
-

Најчесто користени пин-кодови кои се цел на хакерите
-

УХМР: Нестабилно време до петок, локално можно невреме со град
-

Претседателката Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Индија, Друпади Мурму
-

Британските премиери се менуваат, само мачорот Лери останува
-

Пченицата и јачменот во Пелагонија со подобар квалитет од лани
-

Во Гостивар во изминатото деноноќие прегледани вкупно 198 пациенти, нема промени во клиничката слика
