Билансот на жртвите во нападите во Брисел се зголеми на 26 лица
Бројот на жртвите од денешнти симултани терористички напади во Брисел се зголеми на 26 лица, информира белгиската новинаска агенција Белга.
Официјалниот биланс на жртвите од бомбашкиот напад во возот на станицата на подземната железница Малбек во Брисел, од 10 се зголеми на 15 лица, додека официјалниот број на загинати при двојната експлозија на Националниот аеродром „Завентем“ е 11, а не 13 луѓе.
Бројот на повредени во метрото изнесува 55 лица, од кои десетмина потешко, додека официјално 35 лица се ранети во нападот на аеродромот.
Она што е засега официјално потврдено е дека дефинитивно извршител на нападот на аеродромот, што се случи во осум часот утринава, е бомбаш-самоубиец, кој претходно пукал од автоматска пушка и извикувал зборови на арапски јазик.
Националнито совет за безбедност на Белгија во моментов заседава, по што е најавена прес-конференција на премиерот Шарл Мишел.
Ново на Сител
-
Германија го олесни влезот на работници од земји вон ЕУ, двојно зголемен бројот од Западен Балкан
-
Горела ниска вегетација кај скопско Ново село
-
114 сообраќајни санкции во Скопје
-
Околу 15 илјади кандидати полагаат мајчин јазик – Првиот испит од државната матура
-
Без струја дел од улицата од Центар
-
Финале на ЛШ: Рекорден триумф на Реал или последен победнички танц на Ројс со Борусија?
-
Хамас соопшти дека го одобрува планот на Бајден за мир во Газа, Израел испрати преговарачи
-
Трамп: Судењето беше многу нефер