Билансот на жртви на пожарот на пакистанскиот танкер достигна 17
Пакистанските пожарникари и денеска продолжуваат да се борат со пожарот, кој избувна вчера при експолозија на танкер за нафта во бродоградилиштето Гадани, на југозапад од Пакистан.
Бројот на загинати лица достигна до 17, а за над 20 работници состојбата е неизвесна.
- До експлозијата на танкерот дошло додека работниците расклопувале стар брод во бродоградилиштето Гадани, кое се наоѓа на 45 километри северозападно од пристанишниот град Карачи, изјави локалниот претставник на властите, Зулфакар Бохари.
- Пожарот се уште е активен, истакна тој и додаде дека протипожарните екипи се борат со огнот.
- Најмалку 58 лица се повредени при експлозијата, додека за околу 20 лица состојбата е неизвесна, посочи Бохари.
Вчера, веднаш по несреќата, пакистанскиот премиер Наваз Шариф во соопштение изрази жалење за „загубата на драгоцените животи“.
Гадани е едно од најголемите бродоградилишта во светот, основано во седумдесетите години од минатиот век.
Ново на Сител
-
На скопските клиники остануваат 14 повредени пациенти од пожарот во Кочани, во странство останува 91 пациент
-
Почнува летното сметање на времето
-
Трамп: Ако не можеме да постигнеме договор, работите ќе станат непријатни за Иран
-
Бројот на жртвите во земјотресот во Мјанмар се искачи над илјада
-
Облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне
-
Обилни врнежи град го отежнаа сообраќајот на автопатот Скопје-Штип
-
Рокас: Судството мора да има средства и буџет за независна работа
-
Гутереш: Украина има легитимна влада