Билансот на жртви на циклонот Идаи во Африка се искачи на 761
Бројот на загинати при налетот на циклонот Идаи, што го погоди југоисточниот дел на африканскиот континент, според последните подароци, се искачи на 761.
Според овие податоци, билансот на жртви во Мозамбик изнесува 446, во Зимбабве 259, а во Малави 56.
Идаи, проследен со силен ветер со брзина и до 170 километри на час и со поројни дождови кои предизвикаа поплави од катастрофални размери, пред 10 дена прво го погоди Мозамбик, потоа се прошири кон Зимбабве и Малави.
Министерот за заштита на животната средина на Мозамбик, Целсо Кореја изрази стравување дека сегашната бројка од 446 загинати нема да биде конечниот биланс на жртвите. Според него, можно е Идаи да усмртил и до 1.000 жители на Мозамбик.
Во моментов околу 110.000 жители на Мозамбик се сместени во кампови, поради тоа што нивните домови се поплавени или уништени во налетот на циклонот, а властите стравуваат од можна појава на заразни болести во поплавените реони, како маларија и колера.
Ново на Сител
-
Тема на денот со историчарот Митко Панов
-
Соработка помеѓу Државниот завод за статистика и УГД - Штип
-
ММФ прогнозира раст од 2,2% за Македонија
-
Остри реакции на помилувањата од претседателката
-
Мицкоски за 23. Октомври побара национална стратегија со МАНУ
-
Наградата 23. Октомври врачена на поетот Славе Димоски
-
Ќе се евидентира целиот имот на државата
-
Од утре вакцинација против грип кај здравствените работници на работно место