Била дискриминирана: Лекарка ќе го менува полот за да не оди во пензија

Докторка Мира Станојчиќ од Горњи Милановац денеска поднесе барање за промена на полот, бидејќи смета дека е дискриминирана во однос на мажите, кои во пензија заминуваат покасно од жените, јавува Танјуг.
Станојчиќ изјави дека од денеска почнала постапка за хируршка интервенција, што според неа, ќе ја изврши доктор Душан Станојевиќ.
- Според доктор Станојевиќ постапката трае две години, бидејќи цел тим експерти треба да даде свој став, а хируршкиот зафат ќе биде извршен бесплатно, истакна Станојчиќ, пренесува Танјуг.
Според доктор Станојевиќ промена на пол најчесто се врши од медицински причини, како и дека ова е несекојдневен пример во неговото досегашно искуство, бидејќи станува збор за докторка што сака тоа да го направи од економски причини.
Доктор Мира Станојчиќ, специјалист за физикална медицина и рехабилитација од Горни Милановац, најави претходно дека ќе го промени полот со цел да не биде пензионирана.
Станојчиќ претходно добила налог од директорот на болницата дека и тече годишниот одмор, како и дека во решението стои дека сите што ги исполнуваат условите за пензија од вторник треба да го искористат годишниот одмор за тековната година. Од неа се очекува по одморот да замине во пензија.
Таквата одлука Станојчиќ ја оценува како дискриминирачка за жените, кои се ставени во нерамноправна позиција во однос на своите колеги, односно дека во нејзиниот случај не се гледа квалитетот, туку годините и полот.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи е компромисно решение на засегнатите
-

Мицкоски ќе се обрати на свечена академија „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“ во Нови Сад
-

MMФ, Светската банка и други институции предупредија дека војната на Блискиот Исток ги оптоварува енергетските резерви
-

Во Конго има 1.028 сомнителни случаи на ебола
-

Дронот што падна врз зграда во Романија бил руски, соопшти НАТО
-

Трамп е во одлична здравствена состојба, соопшти Белата куќа
-

Алиу: Реализираме стратешки капитални проекти во здравството
-

Бела куќа: Без „црвените линии“ на Трамп нема договор со Иран
