Бил Клинтон пристигна во Косово
Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави пристигна денеска околу пладне во Приштина, каде што ќе присуствува на утрешната свеченост по повод 20-годишнината од велгувањето на силите на НАТО во Косово.
Како што јави дописникот на МИА од Приштина, Клинтон на аеродромот „Адем Јашари“, со високи државни свечености, беше пречекан од поранешната претседателка на Косово Атифете Јахјага и од вицепремиерот и министер за надворешни работи Беџет Пацоли.
Поранешниот американски претседател попладнево ќе биде примен од косовскиот претседател Хашим Тачи, кој ќе му додели високо државно одликување.
Според програмата на посетата, по приемот кај Тачи, Клинтон ќе се сретне и со косовскиот премиер Рамуш Харадинај, а утре, заедно со косовските лидери и други гости од странство, ќе учествува и на „Поворката за мир“.
На одбележувањето на годишнината од влегувањето на силите на НАТО ќе учествува и поранешната американска државна секретарка Медлин Олбрајт, која исто така е една од најзаслужните тогашни светски политичари за интервенцијата на НАТО во Косово. Во нејзина чест, утре во центарт на Приштина ќе биде откриена нејзина статуа.
По церемонијата на откривањето на статуата на Олбрајт, Клинтон ќе ја посети и сопствената статуа која му е подигната во 2009 година на плоштад на еден од главните булевари во Приштина, кои исто така го носат неговото име.
Ново на Сител
-
Фетаи официјално соопшти дека останува дел од „Влен“
-
Тошковски ги оцени обвинувањата за тендерите како обид за политичка конструкција и дефокус од реформите
-
Тела на пет скијачи пронајдени на швајцарските Алпи
-
Каја Калас повика на „најсилен меѓународен притисок“ врз Москва
-
Сиљановска Давкова: Можна креативна дипломатија во Виена за одблокирање на евроинтеграцијата
-
Локомотива удрила пешак кај Хиподром
-
Едно лице одзело осум кеш бокса и сеф од казино во Чаир
-
Тројца малолетници тепале свој врсник, еден од нив снимал со телефон