Бил Гејтс е најбогатиот бизнисмен во ИТ секторот
Основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс е најбогатиот бизнисмен во светот во областа на информатичките технологии, објави „Форбс“.
Списанието наведува дека во 2015 година меѓу стоте најбогати бизнисмени во секторот на високите технологии имаа 51 Американец, 33 претставници на Азиско-Тихоокеанскиот регион, осум Европејци, двајца израелци и еден од Јужна Америка. Четириест од нив живеат и работат во Калифиорнија.
Богатството на Гејтс годинава се проценува на 79,6 милијарди долари, а 13 проценти од нив се вложени во акции во „Мајкрософт“.
На второ место е основачот на „Оракл“ Лари Елисон со 50 милијарди долари, а на трето е основачот на американскиот гигант за Интернет трговија „Амазон“, Џеф Безос. Од почетокот на годината „Амазон“ забележува раст, а богатството на Безос се зголемило за 13 милијарди и изнесува 47,8 милијарди долари.
На 4. место е основачот на „Фејсбук“ Марк Цукерберг - 41,1 милијарди долари, потоа следат основачоте на „Гугл“ Лари Пејџ (33,4 милијарди долари) и Сергеј Бирн (33,4 милијарди долари).
На седмо место е основачот на платформата за интернет трговија „Алибаба“ Џак Ма чие богатство се проценува на 23,2 милијарди долари, со што е еден од десетте најбогати Кинези.
Вдовицата на основачот на „Епл“ Стив Џобс, Лорен Пауел Џобс е на деветто место со 19,4 милијарди долари и е една од седумте најбогати жени на листата на „Форбс“.
Просечната возраст на стоте најбогати во секторот на информатички технологии е 53 години, што е за десет години помалку од просечната возраст на првите сто најбогати луѓе. Најмлад од стоте бизнисмени во ИТ секторот е 25-годишниот Еван Шпигел, основач на мобилната апликација „Снапчат“ и неговото богатство се проценува на 2,1 милијарди долари. Највозрасен е 86-годишниот основач на „Интел“ Гордон Мур со шест милијарди.
„Форбс“ наведува дека 94 од стоте милијардери во ИТ секторот заработиле богатство почнувајќи од нула.
Ново на Сител
-
173 санкции за брзо возење
-
Силјановска Давкова ќе се сретне со со евроамбасадорот Гир и италијанскиот амбасадор Силвестри
-
ЦУК: Забрана за движење кај стрелиштето „Леково“, пожари во Кавадарци и Велес
-
Путин во посета на Кина на 16 и 17 мај
-
Синдикатот на просветни работници во Србија в четврток ја прекинува работата во сите училиштата поради загрозена безбедност
-
Герапетритис: Бараме усогласување со Договорот од Преспа, не е прашање на самоопределување, туку почитување на договореното
-
Неексплодирана рачна бомба пронајдена на улица во Демир Капија
-
Четиринаесет жртви во бомбардирањето на станбена зграда во близина на бегалскиот камп Нусејрат