Бијонсе објави трејлер за мистериозниот проект „Лимонада“
Бијонсе објави кусо видео, кое предизвика недоумица дали таа промовира нова телевизиска серија или само се работи за нов спот.
Засега се знае само дека новиот проект на Бијонсе се вика „Лимонада“.
Во видето набрзина се менуваат сцените како од некој трилер или хорор филм, пропратени со морничави звуци и нејзина нарација.
- Минатото и сегашноста не доведоа тука. Што криеш? Зошто не можеш да ме видиш? Ти си љубовта на мојот живот, вели Бијонсе во трејлерот.
Во некои сцени можеме да ја видиме Бијонсе облечена во беж бунда со плетенки на главата, додека во друга таа изгледа како дух во бела кринолина.
Нејзините танчерки имаат исцртени лица, а во трејлерот се појавува и манекенката Вини Харлоу, поранешната натпреварувачка во шоуто „America's Next Top Model“, која има ретка кожна болест витилиго.
Фотографиите од овој таинствен проект Бијонсе почна да ги објавува уште пред шест месеци, а некои обожаватели сметаат дека станува збор за нов албум, кој ќе биде објавен во форма на филм.
Засега не ни преостанува ништо друго освен да почекаме да дојде сабота, 23 април, кога на Ејч-Би-Оу пејачката позната по изненадување ќе го промовира овој новитет.
Ново на Сител
-
Сообраќајот во зимски услови, на Ѓавато магла со видливост од 200 метри
-
До крајот на денов променливо облачно со сончеви периоди, од среда дожд
-
Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева денеска поднесе неотповиклива оставка
-
Санкции за 212 непрописно паркирани возила минатата недела во Центар
-
Претрес во Карпош, уапсен 18-годишен дилер
-
ЦУК: Гостите од хотелот „Радика“ во Маврово извлечени со помош на специјално возило
-
Уапсени две лица кои ограбиле автомобил во Карпош
-
Вонреден инспекциски надзор во ОУ „7 Март“ во Челопек