Бигорски манастир со традиционално одбележување на Илинден

Свештената бигорска Обител и годинава традиционално ќе го одбележи 2 Август - Денот на двата Илиндена, со литургија во село Лазарополе и со доксологија - молитва за татковината во Бигорскиот манастир.
-На денот кога го славиме споменот на светиот и славен пророк Илија, како и 123-годишнината од херојското Илинденско востание, централното трожествено празнување ќе се одбележи со Света архијерејска литургија во прекрасниот преродбенски храм на Светиот великомаченик Георгиј Победоносец во село Лазарополе, која почнува во 9 часот. Со литургијата ќе чиноначалствува Неговото Преосвештенство Епископот Антаниски г. Партениј, информираа од Обителта.
Исто така, денеска ќе се одржи и доксологија - молитва за татковината.
- Свечениот чин на доксологија - молитва за татковината и за покој на паднатите за слободата ќе се одржи во 13 часот, во соборниот храм на Свештената бигорска Обител. Честит Илинден и од Бога благослов. На многаја лета возљубена наша Татковино, посакаа од Бигорски манастир.
Инаку, како што за галичани важи „каде и да си, за Петровден во Галичник да си“ за лазорополчани тоа е Илинден. Веќе се пристигнати голем број поранешни жители и нивни потомци. Неизоставен белег на одбележувањето ќе биде и групата Мајовци, чиишто предци потекнуваат токму од ова село, од каде се доселиле во Дебар.
Ново на Сител
-

Ендрик сака да го напушти Реал
-

Втора победа на македонските ракометари на Европското кадетско првенство
-

Дали и вие имате чувство дека сте магнет за комарци? Не е случајност – ова е причината
-

Скопје и Гевгелија од денеска домаќини на ЕП за кошаркари до 16 години
-

Успешен старт на Ѓорческа во Лајпциг
-

Се скарале на работа: Ром пријавил претпоставен Албанец за „Циган“, тој му возвратил со „Шиптар“, но не го пријавил
-

Формиран женски фудбалски клуб Пелистер – Битола
-

Меси донираше 80.000 евра за обнова на опожарениот регион Мадрид
