„Биг Бен“ забрзано пропаѓа
Доколку нешто не биде преземено, една од најпознатите знаменитости на Лондон, часовникот „Биг Бен“, засекогаш ќе престана на одѕвонува низ британскиот главен град.
Најголеми проблеми часовникот има со носачите на стрелките и нишалото, а регистрирана е и сериозна корозија на металните делови, како и пукнатина на покривот.
Со цел да го спаси „Биг Бен“, Комитетот за финансии на Долниот дом на британскиот Парламент изработи план за реставрација на часовникот, за што ќе бидат поторшени 29,2 милиони фунти.
Со планот се предвидува реставрацијата да трае околу четири месеци, што ќе биде најдолго исклучување на часовникот во неговата 156-годишна историја.
Помошта од државата за спас на „Биг Бен“ уследи откако градските власти на Лондон се соочија со проблеми да обезбедат средства за негова поправка, поради големите трошоци што градскиот буџет ги има со реставрацијата на Бакингемската Палата, за што досега се поторшени седум милијарди фунти.
Ново на Сител
-
Македонија и ЕУ потпишаа Договор за безбедносно и одбранбено партнерство
-
Три пријави во полиција за измами за пари
-
Велика Британија воведе санкции за руски официјални лица поради обвиненија за нелегална депортација на украински деца
-
Пешак загина во Штип откако во него удрило патничко возило
-
23-годишник со два ножа се шетал во Гази Баба
-
Николоски: Проектот “Купи куќа за млади” стартува од следната година
-
АТП ги објави тенисерите со најголема заработка во 2024 година
-
Клоп би можел да го замени Симеоне во Атлетико