Бидете внимателни - користењето на софвер со сомнително потекло крие опасности за Вашиот бизнис!
Во 2017-та година 64% од корисниците и компаниите во Македонија користат софтвер набавен од сомнителни извори. Тоа го покажува глобалното истражување на софтверската алијанса BSA која го пресметува бројот на софтвер со сомнително потекло кој се користи во различните држави низ целиот свет. За споредба, во 2008-ма година 68% од корисниците употребувале таков софтвер, што покажува дека за 7 години многу мал број на физички лица и компании обратиле внимание на тоа какви оперативни системи и софтвери користат секојдневно.
Употребата на софтвер со сомнително потекло е опасна и крие голем број на ризици - од губење на важни службени податоци до вируси и хакерски напади, кои може да доведат до голем број на проблеми за Вашиот бизнис. Непознавањето на ризиците е основниот проблем со кој се борат компаниите, производители на оригинален софтвер. Затоа едукацијата и познавањето на ризиците се првиот чекор кон превенција и водење на поуспешен бизнис.
„Сите софтвери со сомнително потекло кријат опасност од вируси, спам и хакерски напади, а со тоа и загуба на вредни податоци, дополнителни главоболки и трошоци за компанијата. Секако тука е и разликата во квалитетот помеѓу софтвер преземен од сомнително место и софтвер обезбеден од официјален извор, бидејќи тој добива поддршка од својот производител и гарантира беспрекорно работење.“ – вели Валентино Адам, ИТ специјалист во реномирана македонска ИТ компанија.
Доказ за практичната опасност од користењето на софтвер со сомнително потекло е неодамна распространетиот криптовирус Wannacry, кој напаѓа компјутери со нелиценциран оперативен систем, ги заклучува нивните содржини и бара откуп од сопствениците за да им го врати пристапот до приватните или службени податоци. Според анaлизата објавена од финската кoмпaнија зa сајбер cигypнocт F-Ѕесurе, најзасегнати држави од овој моќен сајбер напад се Русија и Кина, а причината за тоа е големиот број на компјутери кај нив кои користат оперативни системи со сомнително потекло.
Ново на Сител
-
23 годишник прегазил 75 годишна жена во Куманово
-
Го оштетил буџетот на МВР за скоро 80.000 денари - поднесена пријава за злоупотреба на службена положба
-
Бајрами не е избеган, само не живее во државава, вели неговиот адвокат
-
Европската комисија предупреди на загрижувачката економска ситуација во Германија
-
Почесниот конзул на Косово на информативен разговор во полициска станица Карпош, се поврзува со бегството на Груби
-
Инфлацијата во еврозоната расте помалку отколку што беше првично проценето
-
Од петок цело Скопје без вода
-
Од 1 јануари поскапа струја во просек за 0,92 проценти