Бибер: Франција ризикува да стане нова Грција за Македонија
Евентуалното вето од Франција за почеток на преговорите со Македонија ќе го загрози договорот со Грција и ќе ги минира реформските напори на земјите од регионот, оценува австрискиот политички аналитичар Флоријан Бибер, професор на Универзитетот во Грац и координатор на Европската советодавна група за Балканот.
- Тоа ќе биде удар за реформската политика на Балканот. Франција ќе стане новата Грција за Македонија, која и натаму ќе биде спречена да се приклучи кон ЕУ и НАТО, вели Бибер во изјава за австрискиот весник „Стандард“.
Одбивањето на ЕУ да отвори преговори за членство на Македонија, наведува Бибер, би значело и „речиси смртна казна за компромисот за името меѓу Скопје и Атина“.
- Таквата француска политика би имала далекусежни последици. Во Македонија наесен е планиран референдум за договорот со Грција. Тешко е да се замисли дека ќе излезе добро ако договорот не е награден од ЕУ. Тоа ќе и даде шанса на македонската конзервативна опозиција да се мобилизира против одобрувањето на компромисот за името, вели Бибер.
Експертот за Балканот и професор на Европскиот институт во Ница Тобиас Флешенкемпер, смета дека ЕУ треба да ги исполни ветувањата што им ги дава на земјите од регионот бидејќи ја доведува во прашање целокупната политика на Унијата и процесот на проширување.
- Советот на ЕУ има за обврска да го признае напредокот што го направија земјите во согласност со критериумите што им ги постави. Во спротивно ќе направи трајна штета на кредибилитетот на сопствените политики. Затоа, ако оваа недела ЕУ не испрати сигнал дека напорите што ги прават земјите аспиранти вредат, ќе го уништи процесот на проширување, оценува
Ново на Сител
-
Даниловски: Мајмунските сипаници не се пренесуваат лесно и мал е ризикот за епидемија
-
Британска амбасада: Со потпишувањето на новото партнерство почнува нова ера во односите меѓу двете земји
-
Му кажала дека мајка ѝ ѝ забранила да се гледа со него па објавил нејзини експлицитни фотографии
-
Општина Карпош: Диво изграден ноќен најавува настапи на Беквалац, Розга и Георгиев
-
Европол разби голема хакерска мрежа
-
Приведен штипјанец кој возел со 1,81 промили алкохол во крвта
-
Сиљановска-Давкова во посета на Италија и на Ватикан по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“
-
Два случаи на мајмунски сипаници потврдени во Македонија