-->
-->
Би-Би-Си: Мурињо доаѓа во вторник
-->

Португалецот Жозе Мурињо ќе биде новиот менаџер на Манчестер Јунајтед откако клубот решил да му врачи отказ на Луј Ван Гал.
Британскиот сервис BBC пренесе дека раководните луѓе на Манчестер Јунајтед не се задоволни од Ван Гал бидејќи не успеа да избори пласман во квалификациите во Лигата на шампионите, иако во саботата го освои ФА купот.
Манчестер Јунајтед во Премиерлигата и наредната сезона ќе игра во Лига Европа.
Истиот извор наведува дека Ван Гал, кој има уште една година од договорот со Јунајтед, ќе биде отпуштен в понеделник, а наредниот ден клубот ќе го престави Мурињо.
Португалецот е без работа од декември минатата година кога поради лошите резултати доби отказ во Челзи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Опозициски пратенички прашања во Собранието
-

СДСМ: Власта ја пушти Михаилова да замине во Бугарија
-

ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДСМ ја среди медицинската документација на Михаилова?
-

Бегството на Михаилова не е поради здравствени причини
-

Утврдени цени, но без откуп, дел од лозарите ги копачат лозјата
-

Преглед на вестите од светот
-

Нема евидентиран излез на Ива Михаилова
-

Тошковски: Михаилова нелегално ја напуштила Македонија, истрагата ќе утврди на кој начин
