-->
-->
Би-Би-Си: ЕК ќе одобри визна либерализација за Турција
-->
Европската комисија условно ќе и одобри визна либерализација на Турција за подрачјето на Шенген зоната, објави денеска британски Би-Би-Си, повикувајќи се на анонимни извори.
Според британскиот медиум, официјално соопштение за ваквата одлука ЕК ќе објави утре.
Визната либерализација за Турција е дел од договорот постигнат меѓу официјални претставници на Брисел и Анкара, а во чии рамки Турција се согласи да ги прими назад мигрантите кои го преминале Егојското Море и пристигнале во Грција.
- Турција и понатаму треба да ги исполни критериумите на ЕУ за безвизен режим, а одлуката за условно укинување на визите мора да биде одобрена и од Европскиот парламент и земјите членки на ЕУ, истакна уредничката на Би-Би-Си за Европа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Родителите на починатите деца во трагедијата во Пулс огорчени од средбата со премиерот
-
СДСМ бара Мицкоски да се извини
-
„Македонско најдобро“ – Почнува кампања за купување домашни производи
-
Владата размислува за линеарно зголемување на пензиите - по 1.000 денари во септември и 1.000 во март
-
Нова НАТО опрема, армијата се модернизира
-
Затвор за Бразилка која посредувала во проституција
-
Обвинување за непотизам при вработување во М-НАВ
-
Преглед на вестите од светот