Би-би-си: Десетици албански деца исчезнуваат од прифатните центри во Англија
Речиси 20 отсто од децата мигранти без придружба од Албанија, кои, оваа година, биле преземени од Советот на округот Кент исчезнале, јави Топ чанел повикувајќи се на Би-би-си.
– До 31 октомври, британските локални власти прифатиле 197 албански деца, од кои на 39 им се губи секаква трага, наведува англискиот медиумски гигант.
Советот објавил дека тесно соработува со Министерството за внатрешни работи и полицијата за заштита на малолетниците, додавајќи дека некои од децата за кои станува збор можно е да имаат наполнето 18 години.
Податоците на британската Влада покажуваат дека во периодот јануари-октомври повеќе од 44.000 лица го преминале Ла Манш со мали чамци, во споредба со 28.400 кои пристигнале на британска почва минатата година. Од вкупниот број над 12.000 се албански државјани.
– Ваквиот прилив придонесе за пренатрупаност во прифатниот центар Манстон во Кент, кој во еден момент имаше повеќе од двојно поголем број од капацитетот, со околу 4.000 лица. За Советот на округот Кент, исчезнувањето на 39 албански деца под нивна грижа треба да биде крајно загрижувачко, се наведува во написот на Би-би-си.
Се додава дека надлежните, сепак признаваат дека е многу тешко да се спречи исчезнувањето на некои малолетници.
Според Би-би-си „се повеќе и повеќе деца без придружба во моментов се раселуваат низ Велика Британија“.
Ново на Сител
-
Стартува новата авиолинија од Париз до Скопје на компанијата „Изиџет“
-
Со сведочење на обвинетиот Влатко Кешишев продолжува судењето за убиството на Вања и Панче
-
Повеќе од 20 лица загинаа во експлозија и пожар во магацин за огномет во Индија
-
Апелациониот суд Скопје ќе одржи јавна седница за случајот „Ласкарци“
-
Во Србија почнуваат консултациите за формирање нова влада
-
Продолжува периодот на облачно време со повремен дожд
-
Нема опасност за населението од излевањето на Маркова река, уверуваат локалните власти
-
Путин се сретна со Додик во Москва