Би-Би-Си: Британска мафија превезува мигранти преку Ламанш
Британската мафија во северна Франција организирала канал за префрлање на мигранти од Блиски Исток и Северна Африка преку Ламанш во Велика Британија, јави Би-Би-Си.
Според градоначалникот на францускиот град Тетегем, Франк Дерен тврди дека мигрантите на британска територија влегуваат со возила со британски регистерски таблички. Шверцерите на мигранти дејствуваат во близина на францускиот град Дeнкерк, каде има бегалски камп, а мигрантите се превезуваат во камиони.
Еден мигрант за Би-Би-Си изјавиле дека потрошил 15.000 фунти за да стигне до Велика Британија - 12.000 фунти за патување до Франција и уште 3.000 за илегално да го премине Ламанш. Тој посочи и дека шверцерите со мигранти носат оружје и го употребуваат врз бегалците кои не ги прифаќаат нивните услови.
Француските власти се обидуваат Дeнкерк да не стане Kале, каде се испратени дополнителни сили за да спречат илегален влез во Велика Британија.
Ново на Сител
-
Тешка сообраќајка меѓу две возила, две лица повредени
-
Прегазена малолетничка во Штип
-
Куманово: Приведен 38 годишник кој допирал три малолетнички по телото
-
7-месечно бебе од Вевчани починало откако паднало на глава од креветче
-
Монструмот откако ја убил малата Данка седнал да руча во летниковецот
-
Пронајдено бебе во контејнер во близина на Загреб
-
173 санкции за брзо возење
-
Силјановска Давкова ќе се сретне со со евроамбасадорот Гир и италијанскиот амбасадор Силвестри