Безбедносни камери го снимиле паѓањето на патничкиот авион од Пакистан
Безбедносни камери го снимиле моментот кога падна патничкиот авион во населено место во Карачи, Пакистан, а снимката беше објавена на социјалните мрежи.
Според најновите информации, во авионот што се сруши во петокот во близина на аеродромот каде требаше да слета, имало 99 патници и членови на екипажот. Пистата била оддалечена помалку од еден километар од местото на падот.
На снимката може да се види како авионот вртоглаво се спушта, се губи зад зградите во далечината и потоа зад нив се крева облак темен чад.
Најдена е црната кутија од авионот, но причината за падот уште не е позната, изјави директорот на авиокомпанијата PIA која оперираше со паднатиот авион Airbus A320.
Досега се потврдени 76 жртви, но не е познато дали се работи само за патниви и членови на екипажот, или и за жртви на местото на несреќата. Авионот падна во густо населен дел од градот.

Ново на Сител
-
Тема на денот со Амар Мециновиќ, кандидат за градоначалник на Скопје од Левица
-
Преглед на вестите од светот
-
Се повеќе деца повредени со електрични тротинети
-
Заврши рехабилитацијата на повредените од „Пулс“ на Пониква
-
Жителите на Ново Село повеќе нема да патуваат и по 40 км за дежурен лекар
-
За младите да се задржат во општините мора активно да учествуваат во креирањето на локалните политики
-
Мицкоски најавува реконструкција на владата после локалните избори
-
СДСМ: Четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ - четири години разочарувања