Безбедносни камери го снимиле паѓањето на патничкиот авион од Пакистан

Безбедносни камери го снимиле моментот кога падна патничкиот авион во населено место во Карачи, Пакистан, а снимката беше објавена на социјалните мрежи.
Според најновите информации, во авионот што се сруши во петокот во близина на аеродромот каде требаше да слета, имало 99 патници и членови на екипажот. Пистата била оддалечена помалку од еден километар од местото на падот.
На снимката може да се види како авионот вртоглаво се спушта, се губи зад зградите во далечината и потоа зад нив се крева облак темен чад.
Најдена е црната кутија од авионот, но причината за падот уште не е позната, изјави директорот на авиокомпанијата PIA која оперираше со паднатиот авион Airbus A320.
Досега се потврдени 76 жртви, но не е познато дали се работи само за патниви и членови на екипажот, или и за жртви на местото на несреќата. Авионот падна во густо населен дел од градот.

Ново на Сител
-

Петмина кандидати за државен јавен обвинител, се чека на евентуални пријави по пошта
-

Во струмичко Костурино водата однесе 120 јагниња и 100 овци
-

Тестирање на системот „Безбеден град“ на подрачјето на Охрид
-

ДПМ ги објави полуфиналистите за петте годишни награди за 2025
-

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи во Скопје, Куманово и Битола
-

Работењето 15 минути во место зиме наутро го уништува моторот на новите автомобили
-

Поплавени земјоделски површини и дворови во селата Муртино и Сачево, состојбата со водотеците во струмичко се стабилизира
-

Честитка од Мицкоски за Свети Сава: Пораките на овој голем светител нека придонесат за заемна почит, дијалог, мир и стабилност
