Ракомет
2. October 2015 - 12:28

Без Вугринец на ЕП во Полска

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Ивица Обрван, го објави прелиминарниот список од 28 ракометари за Европското првенство што ќе се одржи во Полска на почетокот на 2016 година.
 
Според правилата и регулативите на ЕХФ, списокот и натаму може да подлежи на промени, заклучно со 12-ти декември, кога е краен рок за објавување на конечниот список.
 
На списокот на селекторот го нема Ренато Вугринец, кој играше на претходното европско и светско првенство, но по заминувањето на Металург ниту еднаш не одговри на повикот на селекторот. Покрај Вугринец од поширокиот спискот се изиставени Владо Недановски и Златко Мојсоски кои беа дел од Мундијалот во Катар.
 
Сите останати играчи, кои изминатите неколку години го носат најголемиот дел од товарот во националниот тим се на списокот на селектор.
 
Обрван меѓу 28-те имиња ги стави и оние на младите Бојан Маџовски, Мартин Манасков, Горан Крстевски, Мартин Велковски...
 
Македонија на ЕП се наоѓа силната Група А, заедно со Франција, Србија и домаќинот Полска. Натпреварите во Групата А ќе се играат во Краков во периодот од 15 до 19 јануари 2016 година.
 
Инаку ова ќе биде трето учество по ред на сениорите на најголемото континентално натпреварување, по настапите во Србија во 2012 и Данска во 2014 година, односно вкупно четврто во историјата, откако нашата најдобра машка селекција беше дел и од Европското во Италија во 1998 година.