-->
-->
Без вода утре корисниците на две улици во Центар
-->
Прекин во водоснабдувањето утре од осум часот ќе имаат корисниците од ул. Иван Милутиновиќ во општина Центар.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје по добиено известување од ЈП Водовод и канализација, прекинот ќе биде поради промена на вентил во шахта на бул. Партизански одреди бр. 27 и ќе трае до завршување на зафатот.
Поради отстранување дефект на водоводна мрежа на ул. Раде Јовчевски Корчагин 29, прекин на водоснабдувањето утре ќе имаат и корисниците од населба Маџир Маало во Центар.
Прекинот ќе почне од 10 часот и ќе трае до завршување на интервенцијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трипуновски: Се ажурира базата на податоци на педолошката карта за засејување земјоделски култури
-
Ништо ново за патот на Македонија кон ЕУ нема да донесе посетата на Калас во Скопје
-
Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство
-
Екс директорот на Онкологија Нино Васев обвинет за сериозни кривични дела
-
За пожарот во Кочани досега сослушани 300 сведоци
-
13 лица осомничени за незаконско издавање дозволи за привремен престој на странци
-
Славески ќе се избира за гувернер на 3 јуни
-
Потпишан договорот за стратешко партнерство